И вечерва продолжуваат засилените теренски активности за вонредно прскање против комарци на територијата на Oпштина Гази Баба.
Акцијата се реализира во координација помеѓу Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, како дел од континуираните превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Екипите се на терен и во текот на вечерта ќе се врши третирање на повеќе населени места и критични локации низ општината.
Активностите ќе продолжат до доцна во ноќта, во период кога условите овозможуваат ефикасно спроведување на третманот.
Нашата цел е јасна – навремено да делуваме, да го намалиме ризикот и да го заштитиме здравјето на населението.
Остануваме во постојана комуникација и координација со надлежните институции, ја следиме состојбата и постапуваме согласно потребите на терен.
Институциите функционираат, институциите се координирани и институциите постапуваат!
– Активностите продолжуваат.
– Екипите се на терен.
– Координацијата е постојана.
– Заштитата на здравјето на граѓаните останува наш приоритет.
Нема да застанеме со превентивните активности. Ќе продолжиме да преземаме сè што е потребно за заштита на животот и здравјето на граѓаните на Гази Баба!
Грижата за граѓаните продолжува!