Утрово градоначалникот Бобан Стефковски одржа работен состанок со директорите на општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба, на кој разговараа за сите важни прашања поврзани со подготовките за успешен, организиран и навремен почеток на новата учебна година.
На состанокот заеднички ги разгледаа активностите што се реализираат во училиштата, како и состојбата со обезбедувањето на потребните услови за учениците и наставниот кадар.
Особено значајно е што директорите информираа дека учебниците се пристигнати во училиштата, со што се создадени услови учениците од самиот почеток на учебната година да ја следат наставата со потребните материјали.
Во завршна фаза е и изработката на бесплатните училишни униформи за сите ученици од општинските основни училишта, а нивното доделување ќе започне со стартот на новата учебна година.
Униформите се уште една конкретна мерка со која Општина Гази Баба вложува во подобрување на условите за учениците, создавање чувство на заедништво и обезбедување еднакви можности за сите деца.
Ги повикуваме сите семејства кои имаат запишано прваче во некое од основните училишта на територија на Општина Гази Баба да поднесат барање за еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари.
Поддршката за првачињата е наша инвестиција во најмладите и конкретна помош за семејствата во периодот кога нивните деца го прават првиот чекор во образовниот процес.
На состанокот заеднички констатираа дека општинските основни училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година и дека сите активности се одвиваат со цел учениците да ги дочекаме во уредни, функционални и подготвени училишта.
Нашата цел е секое дете во Гази Баба да има еднакви услови за учење, развој и напредок, а новата учебна година да започне успешно, безбедно и со создадени услови за квалитетна настава.
Гази Баба е подготвена — училиштата се подготвени, учебниците се пристигнати, униформите се готови, а поддршката за учениците продолжува!
За нашите деца, за нашите семејства и за подобра иднина — продолжуваме посветено да работиме!