Раководител на сектор: Александар Јанакиески, дипломиран архитект
е-пошта: aleksandar.janakieski@gazibaba.gov.mk- Одделение за урбанистичко планирање;
- Одделение за спроведување на урбанистички планови;
- Одделение за документирање на градежно земјиште;
Надлежности:
- Следи и реализира прописи од областа на урбанизмот, просторното планирање, градењето и уредување на градежно земјиште и се грижи за нивна примена во општината;
- Организира и спроведува постапка за изготвување и донесување на урбанистички планови, покренува иницијатива и врши обработка на добиените иницијативи за изменување и дополнување на урбанистички планови согласно закон;
- Изготвува, следи и реализира одлуки, програми, акциони планови и други акти од надлежната област;
- Води управна постапка за издавање на одобренија за градење, реконструкција, адаптација, пренамена и друг вид на акти кои ќе произлезат од постапката согласно закон;
- Води постапка и изготвува општи и поединечни акти од неговата надлежност, изготвува изводи од урбанистички планови, врши увид на лице место;
- Прибавува мислења и согласности од надлежни органи;
- Изработува и идава уверенија, потврди, мислења, известувања, одговори по барање на заинтересирани субјекти и друг вид на акти согласно закон;
- Прибавува и обработува податоци од катастарот за недвижности за потребите на општината;
- Води управна постапка и издава решенија за утврдување на легален статус на бесправни изградени објекти согласно закон;
- Изготвува и реализира прописи од областа на располагањето и унапредувањето на градежното земјиште;
- Изготвува годишни програми за располагање на земјиште сопственост на Република Македонија на подрачјето на општината, подготвува и расчистува градежно земјиште за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп со јавно наддавање и непосредна спогодба, по потреба врши размена на градежно земјиште и на него да воспоставува право на стварна службеност и води регистар на градежно земјиште;
- Следи состојби, и предлага мерки за нивно унапредување, изготвува и реализира прописи од областа на располагањето и уредувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија на подрачјето на општината;
- Изготвува договори и врши солемнизација на истите;
- Изготвува пресметка за надоместо за уредување и оттуѓување на градежно земјиште;
- Врши подготвителни работи за изготвување на предлози за експропријација и одземање на кориснички права, остварува соработка со соодветни служби на подрачните единици на Управата за имотно-правни работи на Министерството за финансии;
- Изготвува спогодби и решенија за комунално-техничка службеност;