На Светското првенство во таеквондо за жени во Кина, нашата Мила Релиќ постигна огромен успех и го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција, во категоријата до 62 килограми!
Со три големи победи против исклучително силни противнички, Мила покажа храброст, борбеност и светска класа:
– Во второто коло победи со 2:0 против Санг Џијао од Кина
– Во осминафиналето славеше со 2:1 против Мохидил Уктамјонова од Узбекистан
– Во четвртфиналето победи со 2:1 против Ванг Веи Чиа од Тајпеј
Во полуфиналето, во неизвесна борба, загуби со 1:2 од Софија Мотлок од Русија, а само неколку секунди ја делеа од голема победа и пласман во финалето на Светското првенство!
Мила испиша уште една блескава страница во македонскиот спорт и докажа дека со талент, посветеност и силна волја се стигнува до светскиот врв!
Искрени честитки до Мила Релиќ, нејзиниот стручен тим и семејството за овој историски успех!
Гази Баба се гордее со тебе!
Бронзата блеска како злато кога се освојува со македонско срце!