Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше во ООУ „Стив Наумов“, каде што ги подели новите училишни униформи кои бесплатно ги добиваат сите ученици на територија на Општина Гази Баба.
Од 2023 година, кога за првпат го воведовме па се до денес, една идеја ја претворивме во традиција која секоја година носи радост кај децата и семејствата.
Идејата е едноставна – кога децата ќе застанат едно до друго, да нема разлики!
Да има еднаквост, да има припадност, да има чувство дека училиштето е место каде сите имаат еднаква вредност и еднаква шанса.
Униформата е многу повеќе од парче облека. Таа е порака дека секое дете е важно, секое дете заслужува еднакви услови и секое дете заслужува можност да го оствари својот потенцијал.
Образованието е наш приоритет и затоа продолжуваме да инвестираме во нашите училишта, во подобри услови за учење и пред сè – во нашите деца.
Ќе продолжиме да вложуваме во средина во која децата ќе учат, растат и создаваат соништа со еднакви можности.
За родителите, секоја инвестиција во образованието е инвестиција во нивната најголема вредност – нивните деца.
Затоа продолжуваме. со нови инвестиции, нови проекти и нови можности.
Она што во 2023 година беше ветување, денес е традиција, а нашата обврска е оваа традиција да продолжи да расте.
Затоа што ни е важно секое дете, секое училиште, секое семејство!
Образованието е приоритет! Децата се иднината, а за иднината мора да инвестираме денес!