Изминатите денови во Ченто се реализираат активности за изградба на нови пешачки и пристапни патеки, со кои го уредуваме просторот и создаваме побезбедни и пофункционални услови за сите жители.
По реализацијата на пешачките патеки во Автокоманда, продолжуваме со работа и во другите населени места низ општината.
Нашата цел е секој жител да има уреден, безбеден и пристапен простор за движење – од најмладите до највозрасните.
Уредувањето на јавниот простор е важен дел од создавањето подобри услови за живот. Затоа работиме насекаде низ општината, чекор по чекор, маало по маало.
Таму каде што со години имало неуредени површини, создававме уредени простори кои ќе бидат во функција на граѓаните.
Ова се проекти кои директно го подобруваат секојдневието – полесно движење, поголема безбедност и поубав изглед на нашите населби.
Работата продолжува! Ќе продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, да ги уредуваме јавните површини и да ги решаваме проблемите што ги засегаат граѓаните.
Ченто денес, утре друго населено место – идејата е иста: уредна, пристапна и современа општина за сите.
Со посветена работа и конкретни проекти, ја менуваме општината на подобро.
Продолжуваме да градиме, уредуваме и создаваме подобри услови за живот за сите наши сограѓани!
Работиме денес за подобро и поубаво утре!