Денес во Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Даниела Димовска, директорка на ИНОВА, ја одржаа завршната средба со студентите кои во изминатиот период беа дел од практичната настава и своето практично искуство го стекнуваа токму во нашата општина.
Особено не радува волјата, мотивираноста и желбата кај младите студенти да учат, да стекнуваат нови знаења и да се запознаат со начинот на кој функционира локалната самоуправа.
Младите имаат енергија, идеи и поинаква перспектива, а наша обврска е да им дадеме простор да ги развиваат своите потенцијали и да стекнуваат искуства кои ќе им бидат значајни во понатамошниот професионален пат.
Преку практичната работа во Општина Гази Баба, студентите имаа можност да видат како изгледа работата во една локална самоуправа, да се запознаат со секојдневните предизвици, но и да разберат дека зад секоја одлука и секој реализиран проект стои работа во интерес на граѓаните.
Ваквите проекти се важни затоа што создаваат мост помеѓу образованието и реалниот свет, а токму тоа им е најпотребно на младите – можност да го применат своето знаење, да прашаат, да научат нешто ново и да стекнат самодоверба.
Им благодараме на сите студенти за нивниот ангажман, позитивната енергија и интересот што го покажаа во текот на целиот проект. Се надеваме дека искуството од Општина Гази Баба ќе го понесат со себе како убаво и корисно искуство.
Голема благодарност и до Министерството за локална самоуправа и ИНОВА за соработката и за можноста заеднички да реализираме проект кој им дава конкретна можност на младите да се развиваат.
Младите со многу успех и храброст да ги следат своите цели и уште многу можности за учење и професионален развој.
Општина Гази Баба останува отворена за младите – за нивните идеи, иницијативи и енергија