Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, направија увид во градежните работи на мостот „Естакада“ во Автокоманда, каде и започна асфалтирањето. Екипите ќе работат во текот на целата ноќ, со цел работите да се одвиваат што е можно побрзо и поефикасно.
Се работи на една од најважните сообраќајни точки во овој дел од Скопје, со реконструкција на вкупно 1,5 километри коловоз, вклучително и пристапните рампи и делот од мостот.
Проектот опфаќа обработка на коловозот, вградување нови асфалтни слоеви, замена на рабници, уредување на асфалтните тротоари, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти.
Заедно со Град Скопје продолжуваме да реализираме проекти кои директно го подобруваат секојдневието и безбедноста на граѓаните.
Веднаш по завршувањето на реконструкцијата на мостот „Естакада“, започнува реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Автокоманда!
Еден по еден, ги решаваме проблемите и го менуваме изгледот на Автокоманда.