Вчера беше објавен извештајот за активната транспарентност на институциите, изготвен од Центарот за граѓански комуникации.

Со 96,9% транспарентност, Општина Гази Баба и оваа година се наоѓа меѓу најтранспарентните институции, во категоријата „Многу добра транспарентност“. Но, зад овој процент стои нешто многу поважно – промената што ја направивме заедно.
Кога дојдов за градоначалник во 2021 година, Општина Гази Баба беше во категоријата на просечна транспарентност. Денес имаме општина која е отворена за граѓаните, достапна за народот и одговорна пред секој еден човек. Заедно со граѓаните одлучуваме. Заедно ги креираме локалните политики.Заедно ги поставуваме приоритетите.
Реализираме проекти по мерка на луѓето и на нивните реални потреби. Затоа што транспарентноста не е само бројка во извештај. Транспарентноста значи почит кон граѓаните. Значи граѓаните да знаат што работи општината, каде се трошат средствата и како се носат одлуките.
Од просечна транспарентност до 96,9%. Од затворена институција до општина отворена за граѓаните.
Гази Баба – отворена, транспарентна и заедно со граѓаните!