Лицето кое беше санкционирано за незаконско одложување отпад на улицата „Јужноморавски Бригади“ во Ченто, постапи по задолжението на инспекциските служби и ја исчисти депонијата која ја создаде. Пораката е јасна – правилата важат за сите! Оној што загадува и создава диви депонии ќе биде санкциониран и ќе биде задолжен да го отстрани отпадот.
Нашите инспекциски служби продолжуваат со засилени контроли на терен во две смени.
Нема да дозволиме несовесното однесување на поединци да ја загадува животната средина и да го нарушува изгледот на нашите населени места.
Апелирам до сите граѓани – да ја чуваме Гази Баба чиста. Тоа е наша заедничка одговорност!
Кој загадува – ќе одговара. Кој создава дива депонија – ќе мора и да ја исчисти!
ЗА ЧИСТА И УРЕДНА ГАЗИ БАБА!