Се грижиме за животната средина и заедно создаваме почиста, поубава и поздрава општина.
Општина Гази Баба и денес се приклучи на големата еколошка акција која ја покрена Градот Скопје за чистење и уредување на јавните површини.
Заедно со вработените од ЈКП „Гази Баба“, рано утрово започнавме со чистење на јавните површини во Хиподром. На акцијата и денес се приклучија и еколошките секции од општинските основни училишта, кои со голем ентузијазам ги уредуваа и чистеа училишните дворови.
Ова не е само акција за чистење – ова е порака дека заедно имаме одговорност да се грижиме за просторот во кој живееме.
Да ги чуваме чисти јавните површини, да не фрламе отпад и да бидеме пример за одговорно однесување кон животната средина.
Само со заеднички ангажман можеме да направиме вистинска промена.