Утрово, во организација на здружението „Off Road Napinjaci“, трета година по ред се одржува караванско возење по патеките на прекрасната Скопска Црна Гора. Вистинско off road доживување кое ги обединува љубителите на авантурата, природата и дружењето, а воедно ги промовира спортскиот дух и активниот начин на живот.
Ваквите настани се убава можност да ги откриеме природните убавини што ги имаме, да уживаме во нив и одговорно да ги чуваме за идните генерации. И оваа година, настанот се одржува со поддршка на Општина Гази Баба, затоа што зад секоја успешна традиција стојат луѓе со ентузијазам, посветеност и желба да создадат нешто вредно за заедницата.Секоја граѓанска иницијатива што поттикнува спорт, дружење и заедништво ја има мојата поддршка!
Честитки до организаторите за истрајноста и ентузијазмот, а на сите учесници им посакувам безбедно возење, одлична дружба и незаборавна авантура!