Екипите на ЈКП Гази Баба 2007 спроведоа активности за садење цвеќиња и хортикултурно уредување на јавните површини во нашата општина.
Со новите цветни насади внесуваме свежина и боја во јавниот простор, создавајќи попријатна средина за прошетка, одмор и дружење.
Уредената општина е наша заедничка гордост и одговорност. Да ги чуваме цветните насади и зеленилото, за убавината на јавните површини да трае и во неа да уживаме сите. Продолжуваме со посветена работа и грижа за поубава, почиста и позелена Гази Баба.