Со особена чест и задоволство го одбележавме патрониот празник и 78 години постоење на ООУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба.
Седумдесет и осум години исполнети со знаење, труд и посветеност, години во кои многу генерации ги направиле своите први училишни чекори, стекнале пријателства и ги започнале патиштата кон остварување на своите соништа.
„Детскиот сон го ткае патот кон иднината“ е порака што нè потсетува дека секое дете заслужува поддршка, можност за напредок и услови во кои ќе може да го развие својот целосен потенцијал.
Искрена благодарност до наставниците, стручните соработници и целиот училишен колектив за нивната посветеност, трпение и значајната улога во образованието и воспитувањето на младите генерации.
Заедно со родителите, училиштето и локалната самоуправа, продолжуваме да создаваме подобри услови за учење и работа, безбедна училишна средина и можности за секое дете да ги оствари своите потенцијали.
Нашата обврска е да ги поддржуваме детските соништа, да ги охрабруваме младите и да инвестираме во образованието, затоа што вложувањето во децата е вложување во иднината на нашата општина.
Нека следуваат уште многу генерации исполнети со знаење, радост и успеси, а детскиот сон нека продолжи да го ткае патот кон посветла иднина!