Во рамки на одбележувањето на јубилејот – 50 години Општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Советот, Виктор Трпевски, одржаа протоколарна средба со поранешни градоначалници и претседатели на Советот на нашата општина.
Овој значаен јубилеј е можност да им оддадеме признание на луѓето кои во различни периоди ја носеле одговорноста да ја водат Гази Баба и да работат за нејзините граѓани. Секоја генерација се соочувала со свои предизвици и оставила свој белег во развојот на општината.
Историјата на Гази Баба е заедничко наследство. Таа нè обврзува да го почитуваме вложениот труд, да учиме од искуствата и со уште поголема посветеност да го продолжиме започнатото.
Ваквите средби имаат посебна вредност: градат меѓусебна почит, го чуваат институционалното паметење и потсетуваат дека грижата за општината е трајна обврска што ги надминува мандатите и политичките разлики.
Функциите се привремени, но делата и одговорноста пред граѓаните остануваат. Наша должност е на следните генерации да им оставиме општина со повеќе можности, подобри услови за живот и сигурна иднина.
Пет децении историја нè обединуваат. Иднината нè обврзува. Гази Баба продолжува да се гради со почит, заедништво и дела!