По повод големиот јубилеј – 50 години од постоењето на Општина Гази Баба, реализиравме уште една хумана и благородна активност, крводарителска акција со која испраќаме порака дека вистинските вредности се градат преку хуманост, солидарност и грижа за секој човек.
Во акцијата активно се вклучија градоначалникот Бобан Стефковски и вработените од општинската администрација, но и голем број сограѓани, кои со својата хуманост покажаа дека Гази Баба е општина со големо срце и луѓе кои знаат да помогнат кога е најпотребно.
Ова е уште едно наше хуманитарно дело, уште една потврда дека јубилејот не го одбележуваме само со зборови и свечености, туку пред сè со конкретни активности кои имаат вистинска вредност за заедницата.
Дарувањето крв е еден од најблагородните начини да се помогне на другите. Со еден хуман гест можеме да спасиме живот, да дадеме надеж и да бидеме причина нечија приказна да продолжи.
Педесет години Општина Гази Баба се пет децении заедништво, развој, солидарност и грижа за граѓаните. Токму такви вредности треба да продолжиме да негуваме и во годините што следуваат.
Благодарност до сите крводарители, до колегите од општинската администрација и до сите граѓани кои се приклучија на акцијата.
ЗАЕДНО СМЕ ПОХУМАНИ. ЗАЕДНО СПАСУВАМЕ ЖИВОТИ!