На покана на детската градинка „Детска радост“ од Автокоманда, градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на промоцијата на боенката „Приказна за општина Гази Баба“, во рамки на одбележувањето на јубилејот – 50 години Општина Гази Баба.
Преку игра, бои и креативност, најмладите добиваат можност да ја запознаат својата општина и да ја развиваат љубовта кон местото во кое растат. Секоја обоена страница е мал чекор кон откривање на нашата заедничка приказна и градење чувство на припадност.
Искрени честитки до градинката, раководството и вработената Билјана Лотевска за вложениот труд и прекрасната иницијатива што му дава посебна вредност на нашиот јубилеј.
Педесет години приказни, спомени и развој, а најубавите страници допрва ќе ги испишуваат нашите деца!