Вечерва на двата граѓански буџетски форуми беа кажани многу идеи, иницијативи и конкретни предлози од жителите на Автокоманда, Железара, Керамидница, Триангла, Хиподром, Хиподром 2, Кирил Петрушевски и Маџари.
Слушнавме и за проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно. За дел од нив веднаш најдовме решение, а за останатите ќе предвидиме решенија во буџетот за 2027 година.
Вечерва на дело се покажа зошто овие форуми се важни. Кога граѓаните седат на иста маса со општината, нивните предлози директно влијаат врз тоа што ќе се работи и каде ќе се вложуваат општинските пари.
Народот ни го покажува правецот. Наша обврска е да го сработиме договореното и да дадеме отчет за сработеното.
Општината им припаѓа на граѓаните. Ние сме тука да им служиме. Ви благодараме на сите што вечерва зборувавте отворено и предложивте што можеме да направиме подобро во вашите населби.
Продолжуваме да му служиме на нашиот народ. Отворено, одговорно и отчетно.