Утрово градоначаникот Бобан Стефковски и жителите на н.Триангла ја посетија црквата „Св. Кузман и Дамјан“, која денес го слави својот патрон. Со молитва за здравје, мир и благосостојба го одбележавме овој празник што нè собира и нè обединува во верата.
Светите Кузман и Дамјан со својата несебична помош и љубов кон луѓето ни оставиле вечен пример: да подадеме рака на оној што страда, да бидеме поткрепа на немоќниот и да правиме добро без да очекуваме ништо за возврат.
Силата на верата ја покажуваме и преку нашите дела — со сочувство, со простување и со грижа еден за друг. Токму тие вредности треба да ги чуваме во нашите домови и да им ги пренесуваме на нашите деца.
Нека светите Кузман и Дамјан бидат наши молитвени застапници пред Бога. Нека во секој дом има здравје, слога и љубов, а во секое срце надеж и сила за добри дела.
Нека е честит патрониот празник на црквата и на сите жители на Триангла! За многу години!