Со особено задоволство продолжуваме со реализацијата на проектот за бесплатен и сеопфатен офталмолошки скрининг за сите ученици во основните општински училишта на територијата на Општина Гази Баба.
Во рамки на оваа иницијатива, офталмолошки прегледи се реализираа и во ООУ „Григор Прличев“ во Железара и ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром, каде учениците имаа можност бесплатно да ја проверат состојбата со својот вид.
Веруваме дека навремената превенција и раното откривање на евентуални проблеми со видот се од исклучително значење за правилниот развој на децата, нивниот успех во образованието, концентрацијата и секојдневното функционирање.
Искрена благодарност до „Промедика“ и „Систина Офталмологија“ за поддршката, професионалноста и општествената одговорност, како и до раководствата и вработените во училиштата за одличната соработка и организација.
Продолжуваме посветено да реализираме проекти кои носат вистински придобивки за нашите најмлади. Затоа што грижата за здравјето на децата започнува со превенција, внимание и навремена реакција.
Нашата цел е секое дете да има еднаква можност за здраво детство, правилен развој и успешна иднина.
ДЕЦАТА СЕ НАШАТА ИДНИНА, А НИВНОТО ЗДРАВЈЕ Е НАШ ПРИОРИТЕТ!