Денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Скопскиот плански регион, настан кој претставува важен чекор кон воспоставување посилна меѓуопштинска соработка и поефикасен систем за управување со отпадот.
Улогата на овој Одбор е од особено значење, бидејќи преку координација, заедничко планирање и усогласување на активностите на општините се создаваат услови за системски и долгорочни решенија во областа на управувањето со отпадот.
Само преку заеднички пристап, институционална координација и континуирана соработка можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочуваме, да ја подобриме комуналната инфраструктура, да поттикнеме селекција и рециклирање на отпадот и да го намалиме негативното влијание врз животната средина.
Скопскиот плански регион има потреба од интегриран и одржлив пристап, во кој секоја општина ќе има активна улога и одговорност. Проблемот со отпадот не познава општински граници, затоа и решенијата мора да бидат заеднички.
Нашата цел треба да биде создавање почиста, поздрава и поуредена животна средина, со подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Со посветена работа, партнерство и заедничка визија овој Одбор ќе придонесе кон конкретни и одржливи резултати за целиот Скопски плански регион.