Денес засадивме нови садници во населбата Хиподром 2, со што и официјално го означивме почетокот на теренското садење на голем број нови садници на територијата на Општина Гази Баба.
Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање позелена, почиста и поздрава животна средина за сите наши граѓани.
Нашата определба е јасна – повеќе зеленило, повеќе уредени јавни површини и подобри услови за живот во секое населено место.
Секое ново засадено дрво е инвестиција во иднината, во почист воздух, поздрава животна средина и поквалитетен живот за генерациите што доаѓаат.
Ги повикувамe сите граѓани да се приклучат на оваа иницијатива! Во рамки на објавениот јавен повик, искористете ја можноста да поднесете барање и да добиете бесплатни садници, со кои заедно ќе придонесеме за повеќе зеленило во нашите дворови, населби и околина.
Секој од нас може да даде свој придонес. Да засадиме денес за поздрава и позелена иднина утре!
Продолжуваме посветено со активностите на терен, затоа што зелената Гази Баба е наша заедничка цел и одговорност!
Заедно создаваме зелена, здрава и поубава Гази Баба!