На денешната свеченост имаше мигови кога солзите на лицата кажуваа повеќе од сите говори.
Домот за деца без родители „11 Октомври“ одбележа 80 години од своето постоење, под покровителство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.
На одбележувањето на градоначалникот Бобан Стефковски му беше врачена плакета во знак на благодарност за помошта и поддршката што му ја дадовме на Домот. Со нашата поддршка сме придонеле барем еден ден во животот на едно дете да биде поубав.
Тука децата треба да имаат мирно место за учење, време за игра и човек на кого можат да му веруваат. Благодарност до сите што секој ден се грижат децата да ја чувствуваат таа сигурност.
Секое дете заслужува да расте со љубов, да се радува на своето детство и да има можност да стане она што сонува да биде. Стефковски истакна дека ќе продолжи да го поддржува Домот и луѓето што се грижат за децата.
Честит 80-годишен јубилеј, Дом „11 Октомври“!