Денес во Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски имаше особено драга и инспиративна средба со учениците од ООУ „Стив Наумов“ – Автокоманда.
Со големо задоволство ги пречека учениците и разговараа за работата на општината, предизвиците и одговорностите што ги носи функцијата градоначалник, како и за проектите и активностите што ги реализираме за подобрување на условите за живот на сите наши сограѓани.
Учениците покажаа голема љубопитност, интерес и подготвеност за разговор. Со внимание ги сослуша нивните прашања и со задоволство одговори на секое од нив, споделувајќи им дел од моето секојдневие и начинот на кој функционира локалната самоуправа.
Особено не радува кога гледаме млади, љубопитни и заинтересирани генерации кои сакаат да учат, да прашуваат и да разберат како се носат одлуките и како можат и самите да придонесат за подобра општина и подобро општество.
Токму преку ваквите средби ја градиме свеста кај најмладите за важноста на активното учество, одговорноста и грижата за заедницата во која живееме.
На учениците и нивните наставници им благодараме за посетата, убавата дружба и позитивната енергија. Секогаш е задоволство да се биде меѓу младите, затоа што тие се нашата иднина, но и нашата најголема мотивација да работиме уште повеќе и посветено!
Гази Баба е општина на сите генерации, а вратите на општината секогаш се отворени за нашите најмлади сограѓани!