По повод одбележувањето на 22 годишнината од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак, кои во 2000-та година загинаа во село Арачиново, делегација од општината Гази Баба, која ја сочинуваа претседателот на Совет Дијана Илиевска и членовите на Совет, Александар Каровски и Мирела Потуровиќ, заедно со родителите, пред споменикот на бранителите, кој се наоѓа во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на загинатите бранители.
Свежо цвеќе положија и роднини, пријатели на загинатите полицајци, командирот и претставници од 5-та полициска станица и претставници од Сојузот на борци Гази Баба.
{gallery}foto/2022/01/20220111/gallery{/gallery}
11.01.2022