Традиционално во општина Гази Баба се оддржува манифестацијата Пивтијада по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
И оваа година настанот беше со хуманитарен карактер за да се зачува традицијата и да не се заборават обичаите поврзани со Водици. Градоначалникот Бобан Стефковски го отвори настанот и ги поздрави присутните граѓани кои беа дојдени во голем број на плоштадот во Автокоманда за да си купат пивтии во име на празникот.
Меѓу присутните гости на пивтијадата оваа година беше и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Манифестацијата има и натпреварувачки карактер, а најдобрите учесници во категориите декорирање на најдобра пивтија добиваат награди. Настанот е проследен со културно-уметничка програма, оваа година гостите ги забавуваше естрадниот уметник Јордан Митев.
{gallery}foto/2022/01/pivtijada/gallery{/gallery}
19.01.2022