На почетокот од оваа седмица, во ООУ “Крсте Мисирков” започнува online мобилност во рамки на проектот “Say No to violence and discrimination by games”.
Проектот има за цел да го промовира ненасилството, односно како учениците да препознаат врсничко насилство и дискриминација, но и да го превенираат истото, преку игра.
Градоначалникот Бобан Стефковски се вклучи on line да ги поздрави учесниците, при што истакна дека е корисно што учениците имаат можност на ваков начин да стекнат знаења, да создадат нови пријателства и им посака успешна работа.
28.02.2022