Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со инспекциските служби од општина Гази Баба беше на увид на критичните места на кои се врши одлагање на отпад на јавни површини.
Изминатиот период на територијата на Гази Баба се исчистени над 40 диви депонии. Апелираме до сите граѓани да се однесуваат и постапуваат одговорно и совесно, бидејќи во спротивно ќе се санкционираат сите оние кои ќе вршат одлагање на отпад на јавни површини.
26.02.2022