Месец март го симболизира доаѓањето на пролетта, надоаѓањето на пролетната енергија, повеќе љубов и светлина. За оваа пригода, се плетат мартинки исклучиво од црвен и бел конец, од кои црвената ја симболизира бојата на крвта, а белата духовната енергија, односно се слави возобновената природа под дејство на светлината и на сонцето.
Мартинката се носи околу рака или закачена на облеката. За да се зачува традицијата на нашите предци, основните училишта, на своите креативни рабитилници изработија мартинки, преку кои ги изразија своите креативни идеи и способности. Во просториите на општината се организира изложба од најубавите мартинки, со што учениците го најавија доаѓањето на пролетта.
-По истиот повод, децата од градинките “25 Мај” изработија мартинки кои ги подарија на градоначалникот Бобан Стефковски и на вработените во општината.-
{gallery}/foto/2022/03/01032022/martinki/gallery{/gallery}
01.03.2022