Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, потпишаа договор за меѓуопштинска соработка, со што Градот Скопје целосно ќе финансира реконструкција на улица „Перо Наков“ во должина од 2.000 метри.
Проектот е одговор на барањата на граѓаните на општината, од урбаните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1.
– „Проектите треба да бидат одраз на барањата на граѓаните. Работиме во нивен интерес. Со реконструкцијата на оваа најфрекфентна улица го олеснуваме функционирањето на околу 30.000 граѓани кои циркулираат на дневна основа во овој дел од општината. Ќе биде опфатен потегот од раскрсницата со улица Маџари до улица Индустриска 2 каде ќе има ископ на коловозна конструкција, тампонирање и асфалтирање со три слоја асфалт, замена на оштетените рабници. Меѓу општинската соработка со Градот Скопје ќе донесе доста проекти за граѓаните на Гази Баба и ние како општина со ова го започнуваме циклусот на градежна офанзива“ изјави градоначалникот Бобан Стефковски.
{gallery}foto/2022/03/04032022/pero_nakov/gallery{/gallery}
04.03.2022