Во паркот на македонско – унгарското пријателството во н. Триангла, се одбележа националниот празник на Унгарија. На настанот присуствуваа градоначалникот Бобан Стефковски, Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Др. Ласло Дукс, военото аташе на Унгарија, полковник Саболч Хари, претседателката на Советот на општина Гази Баба, Дијана Илиевска, пратениците во Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претставници од Унгарското здружение во Република Македонија „Теледом“, членови на Советот на општината и жители од населеното место Триангла.
Свое обраќање пред присутните имаа Амбасадорот Др. Ласло Дукс и градоначалникот Бобан Стефковски, кој им го честита националниот празник на унгарскиот народ.
Во кратката програма со лични творби настапија учениците Мартина Богдановска, Дамјан Тоневски и Јана Величковска, кои на Конкурсот објавен од Унгарската Амбасада, на тема „Судбината на Лајош Кошут по задушувањето на Револуцијата 1848 – 49“ ги освоија првите три награди.
Настап со песни за мир, имаа и децата од Центарот за социјална иницијатива „Надеж“.
По завршувањето на програмата, присутните положија свежо цвеќе пред спомен плочата на националниот јунак на Унгарија, Лајош Кошут.
{gallery}foto/2022/03/15032022/Кошут/gallery{/gallery}
15.03.2022