По повод 17 март – Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на Република Македонија, Општинската организација на Црвен крст Гази Баба – Скопје организираше доделување на признанија на повеќекратни дарители на крв кое се оддржа во просториите на општината.
Признанија им беа доделени на крводарители кои повеќе од 5,10 25 и 50 пати дарувале крв, на најдобра работна организација, најдобра образовна институција од средно и високо образование и најдобар организатор (мотиватор) за крводарителски акции за 2021 година.
Пред присутните крводарители и претставници од ООЦК Гази Баба се обрати градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој истакна дека општината и тој како градоначалник ќе бидат и во иднина партнери на ОО на ЦК Гази Баба во сите проекти преку кои им ќе помагаме на нашите сограѓани.
Тој воедно им ја честиташе и успешната работа на Општинската организација на Црвен крст Гази Баба – Скопје за 2021 година, каде од вкупно планираните 2679 единици крв имаат реализирано 36 крводарителски акции и собрано 3349 единици крв.
Планот на ООЦК Гази Баба за 2021 година беше успешно реализиран со 125%.
Признанија и плакети освен градоначалникот Стефковски, доделија и претседателот на ОО на Црвениот крст на Гази Баба, Проф. д-р Петар Христов и секретарот ООЦК Гази Баба, Здравко Георгиевски.
Признанија на крводарителите кои дарувале 5 и 10 пати крв добија:
Граѓани
1. Александар Мишиќ
2. Драгана Мишиќ
Општина Гази Баба
1. Ана Добревска
2. Ненад Ташев
3. Маја Кочиева
4. Невенка Стаменковска
А.Д Факом
1. Драганчо Николовски
2. Стефан Цветковски
3. Марјан Цветковски
4. Бојче Ивановски
Признанија на крводарителите кои дарувале 25 и повеќе пати крв добија:
Граѓани
1. Томе Димовски
2. Никола Петковски
А.Д Факом
1. Љупчо Пешевски
2. Сашо Стоилковски
Признанија на крводарителите кои дарувале 50 и повеќе пати крв добија:
1. Александар Иванов Факултет за безбедност
2. Дарко Спасевски ЈСП Скопје – Скопје
3. Јовица Стоилевски ЈСП Скопје – Скопје
4. Бобан Китановски Граѓанство
Признанија за најдобра работна организација на подрачјето на Општината Гази Баба, за 2021 година е ЈСП Скопје – Скопје.
За најдобро Средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба -Скопје, за 2021 година – СЕТУ Михајло Пупин.
За најдобра образовна институција од Високото образование на подрачјето на општина Гази Баба – Скопје, за 2021 година е Факултет за безбедност – Скопје.
Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на општина Гази Баба- Скопје, за 2021 година беше избран Сашо Стоилковски од А.Д Факом – Скопје.
Членовите на ООКЦ Гази Баба му изразија благодарност на градначалникот Бобан Стефковски за поддршката и континуитетот на активностите кои тие ги превземаат како организација.
17.03.2022