Во населените места во општина Гази Баба се започна голема пролетна акција за поставување на нова урбана опрема.
Оваа акција опфаќа поставување на нови клупи со поинаков дизајн, нови корпи за отпадоци, менување на штафни на постоечките клупи, расчистување на паркови и детски игралишта, оддржување и подигање на нови зелени површини.
Пролетната акција ќе ја спроведува Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 заедно со општина Гази Баба. Градoначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на почетокот на акцијата во н. Автокоманда на плоштадот Коцка, каде се поставуваше новата урбана опрема.
22.03.2022