Во просториите на општина Гази Баба завршен состанок одржаа претставници на раководството за квалитет на системот за управување со квалитет ISO 9001 : 2015 од општината, Демир Исљами и Сања Димовска. Тие ја реализираа првата надзорна проверка на системот за управување со квалитет ISO 9001 : 2015 заедно со претставникот на Интерцерт – сертификациско тело кое врши сертификација на ISO 9001 : 2015, ISO 22000, I SO 27001, ISO 50001, HACCP, Васко Темелковски.
Целта на ова надзорна проверка беше да се утврди усогласеноста на документацијата и работењето на општината согласно стандардите. Сите заклучоци од проверката се базираат на собраните докази по принцип на случаен избор, давајќи можност да ја покажат ефикасноста на системот за управување, контрола на процесите како и напредок кон остварување на поставените цели.
Значењето од спроведените активности за општина Гази Баба значи да се придонесе преку експертско знаење во целиот процес на работа и да се осигура систем за управување ќе ги исполни поставените цели.
По завршувањето на целиот процес, проверувачите составија детален извештај со сите позитивни наоди, можности за подобрување во одредени ситуации и неусогласености кои треба да се отстранат за да може системот да биде ефективен и ефикасен.
06.04.2022