Денес, градоначалникот Бобан Стефковски го означи почеток на изградбата на првиот голем мултифункционален парк кој ќе биде на површина од 2000 м2 во н .Триангла.
Паркот се гради помеѓу пешачката патека и ООУ „Наум Нумовски Борче“ во чии рамки ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер елементи, ќе се постави ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана.
На овој простор ќе бидат поставени и повеќе реквизити за детска забава, додека на едниот дел од паркот ќе се направи и парк за миленичиња.
Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор кој во минатото често служеше за депонирање отпад.
Гази Баба ќе добие нов уреден простор за одмор и рекреација за жителите од сите генерации.
{gallery}foto/2022/04/april/park/gallery{/gallery}
11.04.2022