Градоначалникот Бобан Стефковски и директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски потпишаа договор за деловно техничка соработка со цел подигање на хаварисани возила и возила, нерегистрирани повеќе од две години, а оставени на јавни површини.
Досега се подигнати возила од јавните површини во н.Автокоманда.
Следната недела ќе се врши обележување на возила во н.Триангла и н.Железара кои доколку не бидат отстранети од страна на сопствениците ќе бидат подигнати од страна на општината.
Ги повикуваме граѓаните на соработка и разбирање. Сите сме сведоци дека се поголем број на паркинг места се зафатени од возила кои не се користат од страна на сопствениците.
15.04.2022