Продолжува новиот начин на организирање на приемниот ден за граѓаните во кој секој граѓанин може да се сретне со градоначалникот и со претставници од сите сектори на општинската администрација со едно доаѓање во општината.На денешниот приемен ден присуствуваа 57 граѓани.
Од почеток на мандатот на Бобан Стефковски заклучно со денес во рамки на приемниот ден во општината има примено 638 граѓани.
Сите граѓани кои сакаат средба можат да закажат: со јавување на 023226655, на емаил: gradonacalnik@gazibaba.gov.mk или со поднесување на формулар на шалтерот во општината.
Директните средби со граѓаните се наједноставниот начин за запознавање со проблемите со цел нивно брзо и ефикасно решавање.
14.04.2022