Утрово во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски имаше работен состанок со претставници на Секторот за внатрешни работи Скопје, одделението за превенција.
Општина Гази Баба во изминатиот период формираше Совет за превенција кој во соработка со одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира повеќе активности во насока на намалување на имотните деликти и општиот криминалитет како и кампања за едукација на граѓаните за заштита од пожари, сообраќајна култура и сл.
19.04.2022