Денес градоначалникот Бобан Стефковски заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија Владо Мисајловски, претседателот на Советот Дијана Илиевска и членовите на Советот присуствуваа на означувањето на крајот на реконструкцијата на училишната спортска сала во ООУ “Григор Прличев” во населба Железара.
Изминатиот период во спортската сала се изврши целосна реконструкција со поставување на гумен под, молерисување и нови кошеви. Со ова спортската сала е опремена за кошарка и одбојка.
Покрај училишната спортска сала во ООУ “Григор Прличев” се изгради и најсовремен кабинет за реализација на часовите по природни науки со соодветна адаптација на просториите и поставување на опрема со цел изведување на практична настава.
Дополнително во дворот на училиштето извршена е целосна реконструкција на кошаркарското игралиште со поставување на тартан подлога и нови кошеви.
Покрај отворањето на салата во н.Железара, тие извршија увид и во градежните работи за изградба на втората фаза на училишната спортска сала во ООУ “Кирил и Методиј” во н.м Стајковци за која од Буџетот на општината се определени 9.100.000 денари. Учениците од Стајковци новата учебна година ќе ја започнат со нова училишна сала во која успешно ќе ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование.
Изминатиот период е доказ дека во општина Гази Баба може да се работи и поинаку. Се реализираат проекти и се инвестира во сите области.
Oд следната недела започнува голема акција во која ќе се асфалтираат 30 локални улици низ цела општина Гази Баба.
{gallery}foto/2022/05/11/ousalaGP/gallery{/gallery}
11.05.2022