Градоначалникот Бобан Стефковски денес беше во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи и направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода.
Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри. Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри.
После скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица. Градежните работи ги изведува ЈКП „Гази Баба 2007“ .
Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на Буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи.
Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци.
{gallery}foto/2022/05/13/voda_rastak/gallery{/gallery}
13.05.2022