Денес во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски оддржа средба со претставници на турската компанија ARTI која се занимава со развој на недвижнини, со седиште во Измир Турција.
Оваа средба се реализираше во соработка со македонско – турската комора МАТТО, а на неа се разговараше за идна соработка со цел реализација на неколку стратешки проекти во индустриската зона Северна Заобиколница, Спортскиот центар Хиподром и Спортскиот центар Смилковци.
Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со промоција на инвестициските потенцијали со кој располагаме, а со цел изнаоѓање на инвестиции за нови економски капацитети и отворање на нови работни места.
19.05.2022