ООУ “Вера Јоциќ” кое се наоѓа во н. Хиподром денес го одбележа патрониот празник.
Градоначалникот Бобан Стефковски со делегација од општина Гази Баба положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Вера Јоциќ, а потоа заедно со сите присутни ја проследи приредбата која беше организирана во самото училиште по повод патрониот празник.
Градоначалникот Стефковски и општина Гази Баба даваат силна поддршка за реализација на програмските цели на основните училишта и сме целосно насочени кон подобрување на условите за реализација на наставата.
Образованието е столбот на иднината.
Во третата декада од 21 век најсилното оружје со кое треба да се натпреварува светот мора да биде знаењето.
{gallery}foto/2022/05/20/verajocik/gallery{/gallery}
20.05.2022