Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше и се обрати пред присутните гости на јубилејниот концерт по повод 20 годишното постоење на Ансамблот за народни песни и ора „Јонче Христовски“ кој се оддржа во Домот на АРМ.
За општина Гази Баба овој ансамбл е организација која претставува респектибилен фактор во негувањето на македонскиот народен фолклор но истовремено и вистински репрезент и промотор на општината како во Република Македонија така и надвор од неа.
Општина Гази Баба и во наредниот период ќе продолжи да дава силна поддршка за реализација на програмата на Ансамблот Јонче Христовски.
{gallery}foto/2022/06/Jonce_H/gallery{/gallery}
04.06.2022