Градоначалникот Бобан Стефковски и претставниците од сите сектори на општинската администрација денес разговараа со граѓаните на општина Гази Баба на отворениот ден кој го организиравме во просториите на општината.
На денешниот приемен ден учествуваа 74 граѓани, а вкупниот број на граѓани кои учествувале до денес на организираните отворени денови изнесува 968 граѓани.
Ги повикуваме граѓаните кои сакаат учество на отворен ден во општината да се пријават со телефонски повик на 02/3226-655, со пополнување на барање на едношалтерскиот систем или по е- маил: gradonacalnik@gazibaba.gov.mk .
Денешниот ден помина успешно бидејќи најголем број од граѓаните кои дојдоа на отворениот ден за решавање на проблемите со кои се соочуваат заминаа задоволни и со решение за истите.
{gallery}foto/2022/06/priemen den/gallery{/gallery}
07.06.2022