Oпштина Гази Баба во соработка со амбасадата на Република Словенија во Република Македонија ја реализираше еколошката акција за чистење на Парк шумата Гази Баба под мотото “Пријателство со природата”.
Оваа акција се организира во рамки на активностите кои ги организира општина Гази Баба по повод Меѓународниот ден за заштита на животната средина.
На еколошката акција присуствуваше градоначалникот Бобан Стефковски и претседателот на Советот, членови на Советот, вработени во општинската администрација, претставници на амбасадата на Република Словенија, ученици од општинските основни училишна и граѓани.
Заштитата на животната средина останува приоритет за општина Гази Баба.
{gallery}foto/2022/06/park_slovenija/gallery{/gallery}
08.06.2022