На 1-ви февруари 2022 година започна реализацијата на проектот „Инклузивна училница: МКФ како алатка за решавање на проблеми во тимот околу детето во образовен контекст“ („Инклузија преку МКФ“), во кој општина Гази Баба е една од учесниците во проектот, финансиран од страна на Европската унија, преку Ерзамус.
Целта на проектот е да се подобри квалитетот на образованието преку зголемена целна ориентација за учество и да ја подобри вклученоста и правичноста во образовниот процес. Во рамки на овој проект се создава синергија помеѓу различни сектори поврзани со едукација на студенти/ученици со попреченост (SwD) преку воведување на МКФ и обезбедување на методи на настава.
Активностите кои се насочени кон постогнување на крајната цел на проектот се:
1. Да се унапредат вештините на едукаторите за заеднички пристап базирани на способности и фокусиран на користење на МКФ;
2. Да се зголеми целната ориентација и инклузивност во училницата со помош на алатка за евалуација на МКФ;
3. Да се зголеми тимската работа во „тимот околу семејство“;
4. Да се промовира инклузија преку олеснување на наставните процеси засновани на рефлексивно само учење на наставниците.
Проектот е во соработка со:
– Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ, Македонија;
– Др. Манфред Петрис, Социјална Иновативна Мрежа, Грац Австрија;
– Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија;
– Медицинско училиште, Хамбург;
– Универзитетот за наставници, Грац, Австрија;
– Дуду Мелек академија, Анкара, Турција
– Имаго Плус, Македонија.
09.06.2022