Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на завршниот настан на Кризниот центар Надеж кој беше организиран по повод завршување на проектот за организациско јакнеење.
Основна цел на проектот беше подобрување и зајакнување на соработката со институциите на национално и локално ниво на Кризниот центар Надеж.
Општина Гази Баба има одлична соработка со Кризниот центар Надеж во рамки на која оддржуваме средби и состаноци, а во рамки на буџетот на општината определивме средства за финансирање на реализација на заеднички проекти.
Обврска на сите нас е заеднички да создадеме функционален систем кој ќе придонесе за спречување на сите форми на насилство кон жените.
{gallery}foto/2022/06/krizen centar nadez/gallery{/gallery}
23.06.2022