10 годишниот Никола Петровски е државен првак во шах, ученик во ООУ “Наум Наумовски Борче” кој денес во просториите на општина Гази Баба беше на средба со градоначалникот Бобан Стефковски.
Никола се натпреварувал на државното првенство во шах во категорија до 10 години кое се оддржало од 18.05.2022 до 20.05.2022 година во Струга, тој по четврти пат оваа година е државен првак на Македонија во шах.
Имајќи го предвид постигнатиот успех на Никола како и афирмацијата која тој ја прави за општина Гази Баба ќе му биде доделена еднократна парична награда.
Успехот на Никола е уште еден доказ дека општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје.
29.06.2022