Граѓаните на Гази Баба вечерва испратија силна порака: „Семејството е столб на општеството, а децата иднина на светот!“ Многу работи можат да не променат но почнуваме и завршуваме со семејството, а на детето дајте му ја насмевката, тоа ќе ви ја даде душата.
Присутен на настанот, заедно со своето семејство беше и градоначалникот Бобан Стефковски, кој се обрати пред присутните гости на плоштадот во Автокоманда и посочи дека за разлика од минатото ова културно лето ќе има голем број на културни настани од различен карактер.
Граѓаните на Гази Баба кои беа присутни на музичкиот хепенинг ги проследија изведбите на популарните Поточиња и Ламбе Алабакоски, а истовремено имаше и забавно-едукативни содржини за најмладите посетители.
Им благодараме на граѓаните за масовното присуство на денешниот музички хепенинг.
{gallery}foto/2022/06/detski/gallery{/gallery}
29.06.2022