Денес градоначалникот Бобан Стефковски ги означи почетоците за изградба на две капитални инвестиции во висина од околу 30.000.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.
Првата инвестиција е во населеното место Гоце Делчев каде што ја започнавме третата фаза за изградба на фекалната канализација, инвестиција вредна 8.000.000 денари. Со третата фаза ќе се изгради нова канализациона мрежа во должина од 1000 метри.
Втората инвестиција е во населеното место Црешево каде што ја започнавме втората фаза за изградбата на фекалната канализација, инвестиција вредна 20.000.000 денари. Со втората фаза ќе се изгради фекална канализација во должина од 2600 метри.
Покрај инвестициите во Црешево и Гоце Делчев, паралелно се работи на поставување на приклучоци за фекална канализација во Јурумлери, а наскоро ќе ја пуштиме во употреба новата канализациона мрежа со изградена пречистителна станица во Смилковци.
Гази Баба ќе ја развиваме и ќе ја градиме рамномерно во секој дел од нејзината територија истакна градоначалникот Стефковски. Се инвестира во сите области од општественото живеење, градиме нови паркови, асфалтираме улици, се градат детски и спортски игралишта.
{gallery}foto/2022/06/investicii_novi/gallery{/gallery}
30.06.2022